GREEN MOBILE – КРЕАТИВНОСТ И ПОНИСКИ ЦЕНИ

Прилепскиот КДС Кабелнет со партнерската Каблекалл од Струга со нова услуга

goran hadzi risteski

Препознавајќи ја потребата на пазарот за услуга од мобилната телефонија,  искусниот кабелски оператор од Прилеп, КДС Кабелнет заедно со партнерската компанија Каблекал од Струга воведоа понуди за корисниците кои се нови, креативни и со пониски цени. Долгогодишното искуство подолго од 20 години, кабелските оператори го надоградија со нова услуга, формирајќи ја компанијата Green Mobile да бидат присутни на пазарот за мобилни услуги.

– Мобилната услуга не ни беше во понудата. Заради тоа ги губевме останатите услуги. Корисниците не можеа да ги добијат сите 4 услуги: мобилна, дигитална кабелска телевизија, интернет и фиксна телефонија. Недостасуваше мобилната линија. Затоа се направи новата компанија од двата кабелски оператори. Поретки се корисниците со необврзувачки договори. Затоа претендираме прво нив да ги привлечеме. Нови сме на пазарот на мобилните услуги па затоа потребно е време корисниците да не запознаат и да стекнат доверба. Уште не сме присутни низ цела Македонија. Имаме салони во Прилеп, Кичево и Струга. Моментално подготвуваме салон  во Скопје и Крушево. Како виртуелен мобилен оператор користиме предаватели од А1. Виртуелни сме, бидејќи не користиме наша мрежа туку ја користиме мрежата од еден од постојните оператори, додека во делот на услугата и пакетите сме целосно независни како оператор. Големите мрежни оператори имаат придобивка со изнајмување на нивната мрежа – објаснува Горан Хаџи Ристески, сопственик на КДС Кабелнет Прилеп.

logoПроцедурата ја почнале од февруари лани. Добиле лиценца и од октомври нудат услуги. Процесот бил покомплициран заради софтверските решенија за секој телефонски број.

– Искуствата од првите неколку месеци се секојдневен раст на бројот корисниците. Задоволни сме од досегашната продажба на нашите мобилни услуги. На стартот се очекувани бројките, бидејќи салони имаме само во Прилеп, Кичево и Струга. Охрабрувачки е тоа што корисниците почнуваат да нé препознаваат. Нашите пакет на услуги се доста примамливи – објаснува Хаџи Ристески.

Нудат 4 пакети во мобилната телефонија. Односно постпејд тарифи во националната мрежа од 500, 800, 1000 и 1400 денари месечно со обврзувачки договор од 24 месеци и со субвенции за уред (телевизор или телефон). Субвенциите се од 3 000, 5 000, 6 000 и 8 0000 денари. Има и  необврзувачки договори, или договори на неопределено време. Цените се пониски, 440, 640 и 790 денари, 990 денари, но се без субвенции. Условите на пакетите се исти, а субвенцијата практично е во намалената цена на пакетот. Третиот дел се пакети заедно со кабелската дигитална телевизија и интернет, а субвенцијата е уште поголема. Така се добива повисока субвенција во зависност од пакетот.  

Освен во Скопје и Крушево, планираат да отворат и продажни салони на целата територија на Македонија.

– За ефектите, потребна е една година да бидеме присустни низ цела Македонија и на дел од корисниците да им завршат договорите кај другите оператори. Пакетите се слични, но се попривлечни од конкуренцијата и сме најевтини на пазарот. Припејд услуга уште немаме, но ќе имаме. Постои можност за префрлање на истите броеви. Корисникот може да го задржи бројот доколку му е завршен договорот кај другиот оператор. На пример, пакетот од 499 денари со договор нуди неограничени разговори со сите национални мрежи и еден гигабајт интернет, без вклучени СМС пораки – објаснува Хаџи Ристески.    

Нивното ново лого, зеленото јаболко, веќе е присутно низ градов. Го има на постојките, на автобусите од градскиот превоз како општествено одговорна компанија која знае да ја зголеми конкурентноста, флексибилноста со понуда за секој корисник, физичко лице или бизнис компанија. Планираат да бидат бидат присустни на целата територија на државава.

Loading