Притвор во траење од 30 дена во КПУ Битола доби тренерот кој се сомничи дека извршил обљуба на малолетничка злоупотребувајќи ја положбата, а случајот во полиција го пријави нејзиниот татко.
НККР при ОВР Прилеп на 23 јануари поднесе кривична пријава до ОЈО Прилеп за сторено кривично дело “обљуба со злоупотреба на положбата” по член 189 од КЗ на РСМ, против Р.П.(46), пријавен од родител дека извршил обљуба врз 15-годишна малолетничка. Од страна на судија на претходна постапка определена му е мерка притвор во траење од 30 дена во КПУ Битола информираат од Министерството за внатрешни работи.
Случајот на 21 јануари во ОВР Прилеп, го обелодени 37 годишниот родилет кој пријавил дека тренерот на неговата малолетна ќерка се однесувал недолично кон неа, ја бакнувал и допирал информираа од СВР Битола.
Неофицијално, дознаваме дека се работи за лице кое било тренер по џудо и се истражува дали осомничениот се однесувал недолично и кон други девојчиња.