ЗА УБИСТВОТО НА 25 ГОДИШНИОТ ЛОВЏИЈА ОСОМНИЧЕН 50 ГОДИШЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦ

Од слобода е лишен С.П.(50) од Прилеп информираат од МВР. Тој е приведен во полициската станица заради вчерашното застрелување на 25 годишниот ловџија Ѓорги К. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот кој се случи вчера пред  11 часот во атарот на с. Витолиште. Ѓорѓи.К.(25) од Прилеп бил погоден од куршум од ловечка пушка од  лицето кое било од нивната ловна група. На ловот бил заедно со татко му. Околу 14.55 часот од екипа на Итна медицинска помош било констатирано дека  им подлегнал на повредите. Во извлекувањето на телото од  долот учествувала и Спасителната служба Златоврв.

Lovdzija zastrelan od drug lovdzija

Како што дознава Зенит, од информациите добиени од Ловечкото друштво, во петокот Ѓорѓи K.  ја подигнал дозволата, а на лов бил заедно со татко му во местото викано Отин,  во близина на село Витолиште, Мариовско.  Веднаш по немилиот настан, кога Ѓорѓи К. бил застрелан од ловџиска пушка со драмки, раководителот на Спасителната служба Дејан Неданоски добил повик за помош.

-Веднаш по јавувањето, се мобилизиравме најбрзо што можевме. Но за жал, кога стигнавме исходот беше трагичен. Жално. Тешко беше да се гледа целиот настан. На носилки телото од долот, го носевме 300-400 метри до сртот на планината, на чистинка за да може да го преземе хеликоптерот – објаснува Дејан Неданоски, раководител на Спасителната службата Златоврв.

По наредба на Јавниот обвинител телото е предадено на обдукција заради утврдување на причините за смртта. Се обезбедуваат траги и предмети кои можат да послужат како доказ за расчистување на случајот.  

Loading