ПЕШАК ТЕШКО ПОВРЕДЕН НА ВАСИЛИЦА

„Фолксваген голф“ удрил во пешак кој се здобил со тешки телесни повреди. Вчера во 11.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Кузман Јосифовски“ во Прилеп, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Т.Ѓ.(55) од Прилеп, удрило во пешакот В.П.(71) од Прилеп. Во незгодата, В.П. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Povreden pesak

Loading