ЕУ ќе инвестира со речиси 900 илјади евра следниве три години во ромските населби Три багреми и Дебарца во Прилеп. Станува збор за проекти за подобрување на условите за живот на околу 700 ромски семејства. Социјално загрозените граѓани ќе моат да ги легализираат своите имоти, куќи и земјиште. На 50 други домаќинства ќе им се реконструрираат куќите, ќе се ажурираат и подобрат урбанистичките планови, ќе се подобри комуналната инфраструктура и ќе се овозможи непречено водоснабдување на најмалку 1.000 жители. Ќе се подобри пристапот на жителите до социјалните, образовни и здравствени услуги. Ќе се промовираат за жените Ромки и младите Роми за побрзо и полесно вработување.
По две недели ќе почне спроведувањето на проектот ,,Обезбедување пристојни услови за живот на ромските домаќинства во Прилеп,, кој ќе се одвива во повеќе фази 3 години.
Покрај Општината Прилеп, координатор на проектот е Италијанскиот центар за поддршка на здружени мисии од Милано, Ромскиот ресурсен центар од Скопје и организацијата Рома перспектив од Прилеп.