МАСКИ СО АМБЛЕМОТ НА ПОБЕДА

Велес

Во пандемијава се употребуваат разни видови маски, во разни дизајни и бои, а има и со спортски амблеми. Кој би очекувал дека Победа, клуб во голема криза, кој се бори за второлигашки опстанок, ќе биде на некоја маска? И тоа во Велес.

-Од Скопје порачав и добив две маски на кои е испечатен амблемот на Победа. Син ми носи со Јувентус, јас од Победа. Ги носам веќе 4 месеца. Оддалеку се гледа амблемот. Така, покрај тренерки, дрес, имам и маски со Победа, клуб за кој цел живот навивам, оти детството и дел од младоста ги поминав во Прилеп – вели велешанецот Ангел Тошевски.

Тој во неделата навивал и за Напредок Крушеани, на гостувањето во велешката населба Превалец.

Loading