ЧУВАР НА МОЗОКОТ

jatkaОревите секогаш се доживуваат како најквалитетна состојка во слатките и тортите. Овој јаткаст плод се користи како закуска, додаток на салатата, како важен за намалување на килограмите и… Обезбедуваат хранливи материи. Половина чаша или 14 половинки јатки располагаат со 18 гр. добри масти, 4 гр. протеини, 2 гр. билни влакна, речиси 50 отсто од дневните потреби за манган и помали количества на магнезиум, железо, калциум и Б витамини.

Манганот се грижи за коските, односно за колаген и за зараснување на рани. Оревите се полни со антиоксиданси. Штитат од појава и развој на карцином, болести на срцето и невродегенеративни болести.

Алфа-линолеинската киселина е вид омега-3 масни киселини познати за намалување на воспалителните процеси во организмот. Оревите ги содржат овие киселини повеќе отколку било кој друг јаткаст плод. Со умерена консумација се намалува телесната тежина и водата во организмот. Биоактивните соединенија играат важна улога во промената на цревната флора. Оревите ги зголемуваат корисните цревни бактерии кои влијаат на намалувањето на крвниот притисок и вкупниот холестерол.

Овие плодови го чуваат здравјето на мозокот, го забавуваат падот на когнитивните функции кај ризичните постари лица, вклучително и пушачите. Консумацијата дава ефекти во редукцијата на ракот на дојката кај жените. Предизвикуваат позитивни промена кај повеќе од 450 гени во туморите, со што се спречува растот на карциномот и се подобрува исходот. Додатокот на ореви го намалува чувството за глад и ја подобрува регулацијата на апетитот. Влијаат на ситоста, а со тоа и на количеството на храна. Консумацијата на ореви ја подобрува плодноста кај мажите.

Мала промена во исхраната може да има значителни резултати.

Loading