,,РОТАЦИИ,, ПРЕД ПРИЛЕПЧАНИ

Во ликовната галерија денеска е отворена изложбата „Ротации“ од прилепскиот уметник Кристијан Јованоски. Ова е негова прва самостојна изложба по дипломирањето на ФЛУ Скопје.

Dela od Rotacii

Otvorena izlozbata Rotacii

 

-„Ротациии“ е  проширен процес на набљудување а воедно и заобиколување на сопствените дејствувања, вонвременско и присуство од перспектива на набљудувач. Преку оваа инсталација се обидувам да прикажам проекција на одредени сегменти од едно сведочење, да ги отворам новите облици на толкување на нашиот интуитивен елемент, на свесноста за каузалноста која ја минуваме во временското, минливото. Цртежот го сметам за медиум кој прв го запознав и линијата е таа која ја гледам како се трансформира низ времето кога ја пренесувам на некаква подлога, а присутноста во создавањето ја сметам за владеење на мигот. Миговното дејствување е сведоштво на сопствените трауми, когнитивноста која е нужна за поставување прашања, што за мене претставуваат пресврт во сопствената динамика на дејствувањето. Тоа е скелет на кој се придржува постојаното раѓање при врежувањена секој нов потег и креативен чин, поклонување пред монументалноста на новите сознанија и свечената обвивка од творечкиот акт. Преку делата се обидувам да се поврзам со потеклото, битисувањето и целосната комплексна градба на едно постоење – вели уметникот Јованоски.

 

Loading