ПО НЕДЕЛНИОТ, И ЦРН ДНЕВЕН ИЗВЕШТАЈ: 5 ПОЧИНАТИ ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ

Пет прилепчани починале во последните 24 часа информира министерот за здравство Венко Филипче. За едно деноноќие пет лица од Прилеп (65, 79, 65, 61 и 76г) ја изгубиле битката со корона вирусот. Новозаразени се 46 лица. Ова е црн дневен биланс, по најцрниот неделен извештај за смрттноста во општинава од 23 лица, во периодот од 14-ти до 21 декември.

Од почетокот на пандемијата, од март, од последиците од коронавирус починале 195 лица.

Covid 19

Loading