ТРЕСКАВЕЦ ЌЕ ДОБИЕ ВОДА

За водоснабдувањето на манастирот  Трескавец, издвоени се средства во висина од 5,5 милиони денари. Ова го соопшти градоначалникот Илија Јованоски, по вчерашна посета на манастирот заедно со премиерот Зоран Заев.

– Манастир е од исклучително духовно и културно значење не само за Прилеп и прилепчани, туку и за целата држава. Манастирските конаци се целосно обновени, а отворени се и можностите во рамките на програмата на Министерството за култура да се вклучи и поддршка за реставраторските работи на манастирската црква „Успение на Пресвета Богородица“, со цел да се заштитат вредните артефакти од 13 век. Продолжуваме да го негуваме нашето вредно културно, духовно и историско наследство – напиша на Фб, градоначалникот Илија Јованоски.

Izdvoeni sredstva za vodovodot vo Treskavec

Treskavec ke dobie voda

Loading