СИТЕ 5 ГОЛА ГИ ДАДЕ ИБРАИМОСКИ

Фудбал: Трета лига – Југ

Интересна есен во првенството во Третата лига – Југ. Се менуваат повеќе екипи на врвот од табелата. Лидер беше Напредок Крушеани, па Локомотива Градско, а сега е Ново Црнилиште. Овој тим има само 2 пораза (од Локомотива и од Напредок), а 9 победи. Последниот триумф со 5:0 е над Дојранско Езеро. Сите 5 гола ги даде Ерџан Ибраимоски. Во наредниот меч има гостување на Вардар во Неготино. Во претходното коло победија и второпласираниот Напредок (4:3 со Динамо Мажучиште), третата Локомотива (со 4:1 над Големо Коњари) и четвртиот Превалец (со 4:0 над Младост Удово). В недела се уште мечевите: Братство – Локомотива, Превалец – Напредок.

Табела: Ново Црнилиште и Напредок по 27, Локомотива 25, Превалец 24, Братство, Вардар и Обршани по 18, Младост У. 14, Младост К. 13.

Loading