ПИВО ВО ДРВЕНИ ГАЈБИ

Vojskata sekogas so netrpenie go cekala pivoto

Сé повеќе се консумираат пивото. Производителите ,,откриваат,, разни марифети за привлекување на што повеќе љубители на пенливиот пијалок. Се амбалажира во пластични гајби, под широки шатори – сонцебрани, дури се нуди и во пластични поголеми шишиња, во лимени конзерви, стаклени шишиња… Сé е во знак на современието по урнекот на европските пиварници.

Меѓу двете Светски војни пивото се носело низ малкуте биртии со арабаџиски коли и дрвени гајби. Се пиело во кафеаните, а не како сега насекаде и со секого.

Постарите се сеќаваат и на мирисот на хмељот што се ширеше од Пиварницата кога се подготвуваше пивото во стаклени шишиња, со поинакви и обични тапи – затворачи. Шишињата беа повратна амбалажа. Се разнесуваше со запрежни коли. Се памети големиот жолт штаерски коњ што ја влечеше големата, колку сега пет – шест шпедитерски, приколка, натоварена со гајби пиво и големи калапи мраз. Така се ладеше пивото, наместо во фрижидери.

Времињата го прават своето. Не е како пред седум децении.

Loading