Лакомиот на дарови, во секого гледа дародавец.
x
Ѓаволот ни ора ни копа, ама успева да владее.
x
Доцна е да ги воспитувате децата кога веќе се однесуваат како вас.
x
Не кревај постојано два прста за да не треба да ги кренеш и рацете.
x
Кога бродот тоне нема потреба да барате компас.
x
Бирократијата е маќеа на демократијата.
x
На сцената на животот се’ поприсутни се оние кои се подготвени за секакви сценарија.
“Д-р Хаџи-Васков”