И МИНИСТЕРОТ ХОЏА КРАЈ КАНТАРИТЕ ЗА АИРЛИЈА

CIMG3171

Започна откупот во Тутунскиот комбинат

-Нема да остане ниту килограм неоткупен тутун

CIMG3152

Министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, со градоначалникот Илија Јованоски и директорот на Тутунскиот Комбинат Кире Станкоски го надгледуваа почетокот на откупната кампања на тутунот во Комбинатот на првиот ден од откупот. Преземањето на родот годинава се одвива во услови на пандемија. Затоа сите откупувачи го изведуваат процесот со заштитни мерки на највисоко ниво.

-Заштитата на здравјето на сите вклучени во откупот е врвен приорет. Откупот нужно е да мине успешно и безбедно. Тутунскиот комбинат е втора компанија што почнува со откуп. Очекувам да нема поголеми тешкотии. Рано е да се каже било каква проценка. Очекуваме сé да биде во најдобар ред – изјави министерот Хоџа.

CIMG3155

Тој ги повика тутунопроизводителите да не создаваат метеж, тензии и незадоволство на откупните пунктови, бидејќи договорените количества ќе се откупат. Според него, нема да остане неоткупен ниту еден килограм тутун. Затоа, нема простор за грижа и нетрпливост.

Апелираше на почитување на мерките и протоколите за заштита, бидејќи доколку се појави болеста, целиот откупен пункт ќе мора да се затвори. Како превентивна мерка за намалување на ризикот, откупувачите имаат детален распоред за тутунопроизводителите точно да знаат на кој датум треба да го донесат тутунот со цел да се спречи метеж.

 

CIMG3158

Директорот на ТКП, Кире Станкоски, изјави дека финансиските средства за откупот се обезбедени. Исплатата ќе врши како лани, односно следниот ден од предавањето на родот. ТКП ќе презема тутун на 21 пункт со одредена динамика до 28 февруари.

За Сојузот на тутунопроизводителтети најважно е ниту еден тутунопроизводител да не биде оштетен.

Градоначалникот Илија Јованоски апелираше до откупувачите да ги почитуваат оформените цени на класите и тутунопроизводителите да бидат задоволни.

CIMG3164

ТКП очекува да преземе околу три илјади тони ориентален тип на тутун. Годинешната договорена реколта во земјава “тежи” околу 23 илјади тони. Преку 10 откупни компании ќе го платата трудот на речиси 30 илјади кооперанти.

CIMG3166

Loading