ЗАБОРАВЕНОТО И ОСТАРЕНОТО ВО НОВ СЈАЈ

Реконструктивни зафати во гимназијата „Мирче Ацев“

Direktorot na Gimnazijata Dimce  Nastoski

Летниот период максимално се искористи за капитални реконструктивни зафати на покривот на Гимназијата ,,Мирче Ацев,,, со средства од Министерството за образование и наука. Ова е првата фаза од градежните активности за подобрување на условите. Гимназијата неколку месеци беше вистинско градилиште. Планираната реконструкција на фасадата и промена на дограмата од северната страна на објектот, како и новиот асфалтен слој во училишниот двор, заради состојбата со Ковид пандемијата остануваат за в година.

Според директорот Димче Настоски, реализиран е само еден дел.

Gim 2

– Целосно се реконструира покривот со нова громобранска инсталација по целата должина на зградата заедно со фискултурната сала. Тое е значаен зафат, бидејќи покривот не беше реконструиран од изградбата на Гимназијата во1948 година. При крај е реновирањето на покривот. Баравме целосна реконструкција на гимназијата, беа одобрени средства, првин за северната фасада. Поради ковид кризата, дел од средствата беа стопирани. Се надеваме дека ќе влеземе во најавениот ребаланс и наредната година да се реализира и овој дел и другите од проектот. Во соработка со Локалната самоуправа требаше да се пренасочи канализационата и водоводната мрежа. Поради намалениот буџет, и оваа инвестиција останува за в година. Како училиште, самостојно презедовме зафат за инсталација на бунар со длабочина од 50 метри, кој ќе се користи за техничка вода за училиштето. Ќе ги намалиме трошоците и ќе заштедиме дел од давачките за вода – вели Настоски.

Годинава требаше да се асфалтира и дворот чиј асфалт е од 1972 година. Но, останува за в година. Во следната фаза Гимназијата ќе добие и реконструкција на северната фасада, со што ќе има подобри и побезбедни услови за работа.

– Се надеваме дека и идната година ќе завршат овие инвестиции и ќе и дадеме еден нов лик на гимназијата. Голем проблем е дограмата на северната страна. И таа датира од времето на изградбата на гимназијата и претставува безбедносен елемен и опасност. При малку посилни ветришта може да дојде до паѓање на некои од стаклата и повредување. Се надеваме дека и оваа реконструкција ќе биде направена во следниот период – вели Настоски.

Вакви зафати во Гимназијата немало од многу одамна. Иако е најстарата училишна зграда во градот, во неа не било ништо инвестирано години – потсетува директор Димче Настоски.

Gim 3

Комбиниран модел на настава

Гимназијата е подготвена за стартот на новата учебна година според протоколите и препораките заради корона вирусот.

-Ситуацијата е специфична со учениците од прва година. Не ги познаваме. Затоа бараме до министерството, односно Комисијата на Владата да се одобри физичко присуство за учениците од прва година. Се очекуваат дозволите и да видиме како технички ќе се справиме да примаме 211 ученици од прва година. Карактеристично е и тоа што нудиме, со почитување на протоколите од прва година, да се оди во групи. Со тоа да се вклопиме во протоколот со максимум од 18 ученици во група. Имаме просторни услови за учениците од прва година. За втора, трета и четврта година ќе се оди со он-лајн настава. Се обидуваме технички да се подготвиме. Располагаме со дел од потребните компјутери. За дел, преговораме со Локалната самоуправа. Треба да се набават уште компјутери, наставата да се изведува со присуство на наставниците во училиштето. Општините треба да направат напори за оние ученици кои немаат услови, да им се обезбедат лаптопи или телефони и квалитетна интернет врска. За оние ученици кои не ќе може да следат настава он-лајн да им се испраќаат печатени материјали и така да се подготвуваат. Другиот модел е комбинираниот. Повторувањето, односно оценувањето ќе се изведува тримесечно со физичко присуство во 15 дена. За тоа ќе има уредба од Бирото за развој на образованието. Се изврши и обука на обучувачите за Националната платформа, кои пак ќе ги подготвуваат наставниците да изведуваат он – лајн настава и во помали групи ќе ги обучуваат другите професори и грешките да се сведат на минимум при изведувањето на наставата. Гимназијата обезбеди квалитетна и стабилна интернет врска и располагаме со сопствена резервна платформа за околу 1500 консументи.  И за таа наша платформа, изведовме обука и, ако се јави проблем, ќе се префрлиме на неа. Добро се носиме со предизвиците за оваа учебна година. Нормално е да се очекуваат проблеми, но ќе ги решаваме во од и се адаптираме на новите услови. Технички сме спремни и за настава со физичко присуство. Набавивме дезинфикатори, без контакни со раце, дезинфекцијата се врши со нагазување на пумпа. Еден е подарок од невладината органзација Коалиција СЕГА во соработка со Норвешката амбасада. Набавени се доволно дезинфекциони средства. Обележана е насоката на движење според протоколите – објаснува Настоски.

Gim 4

Loading