МАЛКУ КАЛОРИИ – ГОЛЕМА ЛЕКОВИТОСТ

boranijaБоранијата е зеленчук од Мексико. Се користи насекаде во светот. Постојат голем број сорти кои се разликуваат по боја – жолта, зелена, виолетово-жолта, шарена, по должина – кратка, средна и долга, по облик –  остра, тркалезна, широка и сплескана.​ Се користат свежите, млади мешунки со нецелосно неразвиени зрна. Предност имаат сочните и меснатите сорти без конци.

Боранијата се користи секогаш готвена или бланширана. Не се јаде сурова поради отровниот протеин фазин. Со готвење тој се разорува, но не и со сушење. Боранијата се додава на разни салати, чорби и динстани јадења.

Поради специфичниот состав, таа е одлична намирница за регулирање на шеќерот во крвта. Содржи неесенцијална аминокиселина, која делува слично на инсулинот и се снижува шеќерот во крвта и во урината. Аргининот предизвикува вазодилатација, што е услов за добра потенција. Оваа материја не се уништува со готвење. Затоа боранијата се препорачува на дијабетичари, како вариво.​ Содржи калиум кој делува како диуретик. Поволно влијае  на срцето, го регулира крвниот притисок и помага во исфрлање на штетните материи и вишокот течности од организмот. Влијае врз намалување на мокрачната киселина и уреата во мокрачата. Се препорачува и на оние кои се мачат со гихт. Содржи икалциум, фосфор, магнезиум и железо. Затоа е полезна за анемичност, болести на забите и крварење од носот. Од витамините ги има провитамин А, Б1, Б2, ПП, Ц и Е. Препорачлива е при намален имунитет, настинки, грип, разни инфекции, екцеми и остеопороза.

Нема голема енергетска вредност. Слична е со другите зеленчуци.

Loading