НАШИ ПОЕТИ НА МАРАТОНОТ „СВЕЖ ИЗГЛЕД“

Десетина прилепски поети со свои стихови учествуваат на поетскиот маратон ,,Свеж изглед,, на ФБ организиран од руска поетеса Татјана Морозова. Андриана Ристеска, Цеца Видова Трајческа, Снежана Паноска, Сузана Рулеска, Живко Карески, Благица Бунтеска, Божана Тренческа…, се дел од нашите творци кои пренесуваат стихови на маратонот.

По осум дена, се објавуваа толку песни и се пренесува поетската штафета, од еден на друг поет.

-Оваа ,,поетска игра,, е возбудлива – велат некои од поетите кои првпат учествуваат на ,,натпреварот,, и се воодушевени што можат да ги пренесат стиховите во јавноста.

Loading