ВИТАМИНКА СО ДОНАЦИИ ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Vitaminka 1

Во период на вонредна состојба во државата, Витаминка продолжува со нови донации онаму каде што има потреба. Овој пат тоа се здруженијата и центрите за лица со посебни потреби.

Компанијата достави поголеми количества на пакети со прехранбени производи до Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост Порака од Прилеп и од Штип, во Дневниот центар за лица со церебрална парализа и аутизам од Прилеп, Здружението Сплотени срца од Штип и во Дневниот центар за лица со посебни потреби Ѕуница – Прилеп.

Донацијата е со цел во ова време на вонредни услови да им се обезбедат на членовите на овие здруженија прехранбени производи и со тоа да се овозможи и помогне да се пребродат овие тешки моменти.

Во услови кога целата држава, сите институции и граѓаните се соочуваат со големи предизвици предизвикани од КОВИД 19, Витаминка неуморно помага излегувајќи во пресрет секаде каде што е потребно.

Неодамна компанијата реализира донација вредна 3,5 милиони денари што ја насочи кон Министерството за здравство, локални здравствени установи, здруженија и организации за социјално загрозени семејства и граѓани.

Loading