ПАНОСКА И ТРЕНЧЕСКА ПРЕТСТАВЕНИ ВО СКОПЈЕ

Во КИЦ во Скопје се промовира збирката поезија за деца ,,Брзозборливо,, од Снежана Паноска. Промоторот М-р Татјана Гогоска посочи дека 72-те песни се посветени на децата и треба да се прочитаат и да се видат илустрациите, кои на делото му даваат комплетна слика.

– Авторката лесно и едноставно ниже детски желби, радости и игри во песни, која како целина дава своевиден приказ на секое едно безгрижно детство – рече Гогоска.

Авторката Божана Тренческа пак беше учесник на манифестацијата ,,Звуците на чаршијата,, во Старата скопска чаршија со претставување на нејзиниот роман ,,Бојана на Тодор,,.

Loading