КУД „ПЕРЕ ТОШЕВ“ ПРВАК ВО ЌУСТЕНДИЛ

kud pere tosev

КУД „Пере Тошев“ се закити со првата награда на 13 -ти меѓународен фестивал на шлагерска и староградска музика во Ќустендил, Бугарија. Наградата е потврда за посветеноста за музиката која води кон внатрешна хармонија во човекот.

-Пеењето за нас е кислород кој не тера да го движиме телото и душата – вели диригентката Катерина Попоска.

Идната недела КУД ,,Пере Тошев,, ќе настапат на манифестацијата ,,Охридски староградски песни,, во Охрид.

Друштвото постои 32 години, презентирајќи хармонизирани староградски и изворни песни на манифестации, фестивали во земјата и во странство.

Во 2013 година беше добитник на наградата Трети ноември.

Loading