ЈАВЕ ЗА КНИГАТА „РЕШИВ ДА ЈА КАЖАМ ВИСТИНАТА“ ОД ХАРАЛАМПИЈА ЦВЕТАНОСКИ – РАМПЕ

Promovirana kniga od  Haralampie

„Решив да ја кажам вистината“ од Харалампија Цветаноски – Рампе е книга за животниот пат на авторот, за човекот, кој својот живот го посвети на борбата за самостојна и обединета Македонија. Од младоста бил задоен со идејата за создавање на самостојна македонска држава и тргнал по трнливиот пат да докаже дека е во право, дека ја сака својата земја, дека е Македонец по крв.

-Книгата е животно патешествие, проткаено со страдање, сон и радост за мојата татковина, која секогаш ја гледав и ќе ја гледам како силна, богата, обединета. Изнесувам податоци за луѓе кои мојот сон се обидуваа и уште се обидуваат да  ми го направат кошмар. Тоа се клучни историски собитија и личности кои го дигнаа и овековечија македонското име во светската историја. Ги опишувам настаните, војните и договорите за поделба на Македонија, со посебен осврт на Букурешкиот договор – вели авторот.

Книгата ја промовираше проф. д-р Никола Димески.

-Судбината на Рампе сакала преку неговото сведоштво да се остави вечна трага за поколенијата. Книгата ја раскажува колку била тешка, натопена со крв и солзи, борбата за Македонија. На страниците се пренесуваат бурните години на отпорот, првата диверзантска акција и останатите… – посочи Димески.

Loading