ЧИСТАЧИ НА ТЕЛОТО

Црниот дроб е чудесен пример за орган  кој секојдневно го чисти организмот, исфрлајќи ги од телото штетните материи. Односно, тој ги прави токсините во организмот помалку штетни.

Заради неправилната исхрана и нечистотиите од околината, на црниот дроб добро би му дошла мала помош во спроведувањето на детоксикацијата. Наједноставен начин е консумирањето на намирници кои изобилуваат со хранливи материи.

Специфичниот мирис на кромидот е одговорен за детоксикациските својства. Тој му помага на црниот дроб во елиминацијата на токсините растворливи во масти. Карактеристичната темна боја на цвеклото му овозможува на црниот дроб да ги уништи токсините. Влакната во лененото семе имаат одлична особина да помагаат во отстранувањето на штетните материи.

Loading