ЕСЕНСКО ЧИСТЕЊЕ НА ОРГАНИЗМОТ

Есента е време на вируси и бактерии. Затоа е нужна заштита од негативни влијанија и јакнење на имунитетот. За да се избегнат здравствени проблеми и да се зајакне телото за зимата, следете ги овие чекори.

Можеби звучи како научна фантастика, но обидете се барем неколку дена да го замените кафето со чај. Може да се консумира во поголеми количества и, ако биде органски, е рај за бубрезите.

Јогуртот е здрав за организмот. Треба се биде дел од секојдневната исхрана, дури и како овошен.

Најдобро за детоксикација на телото е опуштање, дури и на мислите. Без голема строгост, пијте вода и веднаш ќе забележете подобро здравје. Денот почнете го со чаша млака вода и исцеден лимон.

За студената есен нема подобро чистење на организмот освен преку сауна. Доволно е само еден саат неделно преку потењето да се исфрлат насобраните токсини. Уште подобра е комбинацијата со пливање за подобрување на циркулацијата.

Физичките активности се доволни со раздвиженост, шетање за подобрување на кондицијата.

Loading