ГРАЦ ГРАД НА КУЛТУРАТА И ЏЕЗОТ

1

Грац е втор град по големина и по број на население во Австрија. Живеат околу 300 илјади жители. Престолнина е на покраината Штаерска во предалпскиот простор низ кој тече реката Мура. Низ годините градот се развивал и станал важна крстосница меѓу италијанскиот и панонскиот простор на преминот преку Мура. Грац е и важен културен и образовен центар. Потврда е што во 2003 година беше европска престолнина на културата, додека бројот на студенти секоја година расте. Грац е град на фестивали посветени на класичната музика. Локалните власти негуваат манифестација за џез музиката, филмот, литературата театарски, фестивал…

2

Средиште е на Австрија, каде секоја пролет и есен се одржува голем саем.

Сончев октомвриски ден го гали градот. Воодушевува централниот парк. Во близина доминира објектот на операта со сиот свој сјај. Градот датира од римски период. Денешниот изглед го добил во времето на барокот. Се изградиле најголемиот дел од зданијата. Иако настрадал и во Првата и Втората светска војна, централниот дел останал недопрен. Автентично е сочуван и денес. Некои го знаат како родното огниште на познатиот актер Арнолд Шварценегер.

Се меша старата и модерната архитектура. Пешки се истражува компактноста, полна со фасцинантни градежни примери. На главниот плоштад е статуата на војводата Јохан. Бил носител на индустријализацијата и развојот. Во градското јадро е и Градската куќа Ратхаус. Иста е како од градбата во 1893 година. Атрактивен е објектот на готската франциска црква.

20181010 154330

Во средиштето се издигнува рид. На прв поглед се забележува простор обраснат со шума. Тоа е извонредно уредено место за прошетки. До 473 метри височина се качува со лифт. На највисокиот дел е Кулата со саатот, најпознато обележје на градот кое одолеало пет века. Фантастичниот поглед предизвикува празник на очите. Малку одмор во некое од кафулињата, плус уживање. Слегувањето низ скалилата води кон реката. Таму се протега Муринсел, модерната челична градба, изградена во време кога Грац бил европска престолнина на културата. Таа е мост меѓу двата брега на Мура.

fantasticen pogled Grac

Одминува денот. Малку, ама доволно Грац да го гушне секој посетител.

Murinsel

Текст и фото Каролина Мицевска

Loading