3 МАРИФЕТИ ЗА УБАВИНА СО СОДА БИКАРБОНА

lice

Содата може да биде и одлична состојка за убавина. Достапна е, ане е опасна по здравјето, и е евтина.

Маска за лице се прави кога во блендер се мешаат една лажица сода бикарбона, две лажици овесни снегулки и малку мед. Се додава вода  да се добие густа смеса. Маската се нанесува на лицето да стои 10 минути, а потоа се плакне.

На црнките на лицето им се става крај со малку гел за миење лице, во кој се додаваат лажица сода бикарбона и лажица сол. Содржината се меша и се нанесува на сувата кожа. По 5 минути сеплакне.

Со малку сода бикарбона на дланка и неколку капки вода се трие  лицето. Тоа е нежен пилинг. Нужна е внимателност, очите да не дојдат во допир со смесата.

Loading