САМО БОД ЗА ДЕСПИНА

Ракомет

Тимот на Деспина се очекуваше да постигне сигурен триумф дома со Спартак од Скопје, но освои само бод. Не беше доволно водството од три разлика. Пред финишот гостите водеа 28-29, но крајниот резултат е 29-29. Во отсуство на Јовеска, најефкасна при последната победа над Цемс, во листата на стрелците најзабележителни беа: Гичева – Конески со 11, Л. Рипилоска со 7 и М. Камческа со 6 гола. В недела е гостувањето во Куманово.

Машкиот суперлигаш Прилеп загуби во Битола од Еурофарм (38-24), а следниот меч, дома со Охрид, е на 3 ноември.

Loading