АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Ако сакате да живеете на висока нога не качувајте ни се на глава.

x

Кариеристот никогаш не е на чело ама постојано напредува.

x

Не барајте ја вистината за да ја закопате во себе.

x

Дивеењето во сообраќајот е од луѓе или од дивјаци?!

x

Дрвото какво е од корен такво ќе биде и понатаму, исто како и човекот.

x

Очекувајте ја среќата само додека се надевате.

x

Кој повеќе се ѕвери: луѓето или ѕверовите?

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading