ВТОРПАТ СО БЕЛАСИЦА

Фудбал

Екипата на Победа со пријателски меч (0-0 со второлигашот Тиквеш во Кавадарци) ја пополни прволигашката пауза, подготвувајќи се за неделното гостување кај Беласица во Струмица. Оваа екипа е вторпат ривал, по првото коло на 12 август, кога во Битола прилепскиот состав славеше со 1-0 со голот на Нвабуезе. Таа победа можеби тогаш и малку подоцна изгледаше лесна, со оглед на противникот – прволигашки повратник. Сега е јасно дека се работи за солиден состав, кој собра само бод помалку од прилепскиот. Следниот евентуален триумф ќе биде многу вреден, за враќање на колосекот, задржување во горниот дел од табелата. Бидејќи пред две недели беше доживеан непријатен пораз со 1-0 од Македонија во Ѓорче Петров.

Табела: Вардар 23, Шкендија и А. Пандев по 16, Ренова, Победа и Работнички по 11, Македонија ЃП и Беласица по 10, Силекс 7, Шкупи 6.

Пауза немаше во Втората лига – Исток, каде Партизан Обршани со 1-0, со голот на С. Тодоровски, го совлада Детонит Радовиш. Следи пауза до 30 октомври и дуелот дома со Саса Каменица.

Табела: Борец 22, Тиквеш и Кит-Го по 18, Брегалница и Кожуф по 16, Плачковица 10, Партизан 9, Вардар 6, Саса 5, Детонит 4.

Loading