ПЕТ НАРОДИ – ПЕТ РЕЦЕПТИ

Секој дел од светот има различни начини и тајни за долг и здрав живот. Народите, во комбинација со културата и даровите од природата, успеале да ја откријат тајната на ,,вечноста,,.

Јапонската тајна. Овој народ од земјата на сонцето, живее подолго од било кој друг на планетава. Причината лежи во исхраната. Јапонците го имаат принципот ,,хара хачи,, кој значи јади додека не си полн 80 отсто. Во тој момент сте полни со храна 100 проценти, но таа информација уште не стигнала до мозокот.

Русите лекот за секоја болест го бараат во билките. Најпозната е руската роза (Rhodiola rosea). Расте во арктичкиот предел. Добра е за лечење на инфекции, мачнина, депресија, нервни пореметувања и одлично помага во борба против стресот. Ова е лекот на 21-от век.

Индија. Карито е честа состојка на сите индиски јадења. Состојката помага во лечење на многу болести, делува превентивно Одлична превентива е за Алцхајмерова болест.

Грчката попладневна дремка. Во Грција, Хрватска, но и во Мексико имаат обичај да прилегнуваат попладне. Попладневната дремка од 30 минути е одлична за спречување на срцеви заболувања.

Панама. Со 5 лажички какао дневно како што живеат жителите на Панама се стасува до долг живот. Тоа го потврдува научно истражување во кое се вели дека какаото е полно со антиоксиданси.

Loading