КОЗЈО СИРЕЊЕ

sirenjeОсвен специфичниот мирис и вкус што на сирењето од козјо млеко, тоа се разликува од кравјото дури и во текстура, во концентрацијата на масни киселини.

Историчарите веруваат дека првото сирење било направени од млеко на овци и кози. Козјото сирење може да се најде насекаде низ светот. Покрај тоа, исхраната на сирење од кравјо млеко е масовна. Причината е во достапноста на кравјото млеко. Сепак икозјото сирење  може да  се купи насекаде, иако има поинаков вкус и мирис, различен од мирисот и вкусот на кравјото сирење. Козјото млеко има многу повисока концентрација на одредени масни киселини, но има помалку протеини од кравјото млеко. Колку е поголема концентрацијата на мрсни киселини, козјото сирење има посилен и поспецифичен вкус, а доколку има помалку протеини во млекото тогаш се добива мазна и кремаста структура.

Козјото сирењето не е доволно тврдо. Тоа не значи дека е со помал квалитет, туку едноставно е различно. Неговата крем структура го прави погоден за правење на други меки сирења и јогурт. Дури и најсилното козјо сирење не е доволно тврдо, колку и да стои. Тоа секогаш ќе биде меко за разлика од сирењето од кравјо млеко, кое е секогаш е тврдо.

Без разлика дали сте љубители на козјо или кравјо сирење, сигурно е дека никој од вас не може да замисли оброк без сирење на масата.

Loading