ВОЗДУХ ЗА КАРАБДАЛИЦИ

-Добро утро комшија, како си?

-Ај нека е добро, ама утро во 10 сато, жими Тасета!

-Шо зборуваш бе? Кога дојде10? Имам триста работи. Туку кажи како ти оди.

– Ништо посебно. Се тркала дено. Прво се мавтам по дома нешто, дур да се расонам, па низ дворо, џомити работам нешто, после кротко, за квака и џизла!

-Ратка че те остај туку-така?

-Зато со чутената. После ко че се вратам, нека си џавка. То í е работа. Пубо ми е вака. Вати се за квака и ај здраво. Кај тебе како е? Шо ти прај Мица?

-Мене? Ништо! Од праеното сега трошиме. И за зборување не ја бива! Чудо од жена е. Ја и велам да зборни нешто, да се искриви ако треба, а та, знајш шо ми вели? ,,Има врема, не бери гајле,,. Мајката сибала.

-Така велиш, а? Припази се! Не се секирај многу. Има полошо. Поарно такви, отколку оние,

-Кои?

-Карабдалицине! Вчера Спиро, седи дома, каве пија, со тутун. Спирејца се мафта околу него. Само нешто гмечи. Те да станел, те да мрднел малку, те да донесел нешто, а Спиро гајле си нема. Така тој ми рече, така ти кажувам.

-Спиро, Чукај маде?

-Тепај маде.

-Добро де исто ти е, тепај, чукај, то е.

-Не е исто.

-Исто е. Ти че ми кажиш, не било исто.

-Не е исто, тенеке едно.

-За то попосле че распрајме. Да ти докажам за Спиро мавај маде.

-Така нека биди.

-Преку улица ги здогледал Паца и Перса, бајчки од време, така застанати и си прат муабет.

-То им е работа,

-Да де за тебе, ама Спиро го ватило нервното, кај од спирејца, кај од нив. Вика ја гледам Паца се размафтала со то рацете, како сообрачаец. Едната горе другата десно. Па, текни í сметни ги долу, па заврти се лево, покажи нанапре, па мавни со палците наназад, па двете раце на слабини, па мотај со глата, де искикоти се. Перса ги скрстила рацете, врти со глата ко дамла да ја штракнало малце, крева вејџи, се чука со едната рака почело и така цело време.

-Ако де, шо да прат.

-Спиро не мислел дека така треба да прат. Го допил кавето, станал, ги свиткал рацете на газо и право кај нив.

-Па некоја глупос има напраено.

-Спиро работа! Тамам се доближил, го пуштил зорто, како шо рече испрекинато, како магаре да завива, на секој исчекор го затишувал, па слободно го пуштал, дури не го извајл сио воздух од црева.

-Шо зборуаш бе! Го бива за то! Глеш колкав е во трбушката?

-Како да ги мавнал некој со чорап, воден, мариовски. Паца со крената рака останала, Перса со очите ококорени.

-За греота!

-Ама знајш! Од Спиро зорто ко атомска бомба е, со тројно дејство. После првио звучен шок, дошол вторио, арома терапија, ко Миме и Зија со колата да поминале. Онаа пред печеесетина години. Овие двеве, ватиле нова поза. Ги затнале носојте, море и устите, ама кај можи жена да чути. Та му се здале на Спира. Ти ваков, ти таков, не мојш на она твојана, нас не најде, кутрите, да ни  се испрдиш. Срам да ти е! Кај ти е културата. И си ределе.

-Ами Спиро?

-Шприцер. Слушајте, му вели. Чом до дујчанче, че си го плајчам борчо. Ко че се вратам, да не ве видам овде. Оти од ова средствово чувам за на врајчајне. И то уште појако. Не че знајте во која порта да влезите. Ојте дома, затријте му го граво на мажите за ручек, карабдалици едни. Тие сакале нешто да кажат, ама ко гласо да им се ватил. Полека, полека се разделија.

-Ебати Спирото, успеал. Таков е! Го прај, ко че науми нешто. Значи, немало потреба од третото дејство од производо на Спиро, мавај маде!

-Уште то му фалело, најтешкото.Трауматично, брат. И не знајш колку трај, како радијација е. Зависи од чоека како е створен. Можи со години да трај. А можи и ги има малце ватено! Кој знај, че кажи времето. Ај доста дрдоревме. Имам триста иедна работа, а уште од првата немам почнато.

Џага Дур

Loading