ТРИКОВИ ДА СЕ ПОБЕДИТЕ ГЛАВОБОЛКАТА БЕЗ ЛЕКОВИ

glavobolkaБабини марифети

Постојат бабини марифести за ослободување од страшни главоболки на природен начин.

Кога мислите дека главата ќе ви експлодира и доживувате ужасна болка треба да користите ладни облоги. Наједноставно се ублажува болката, кога на челото ќе ставите мека крпа, потопена во ладна вода да се соберат крвните садови. Периодично повторно се освежува крпата со ладна вода. Ако сакате крпата да остане ладна повеќе време, ставете неколку влажни крпи во пластични кеси и оставете ги во замрзнувач 30 минути. Потоа користете ги една по друга. Ако имате ќеси со замрзнато овошје или зеленчук во замрзнувач,  ставете ги во крпата и користете го нивниот мраз.

Да се намали главоболката, потребно е и да се натопат нозете во топла вода. Докажано е дека овој чуден совет со топла вода помога да почувствувате олабавување на главоболката. Овој третман го намалува крвотокот во главата. Ако додадете неколку ливчиња од роза и сол во водата, уште повеќе се ублажува болката, освен ако не е силна и не претставува напад.

И пиењето на чај од ѓумбир е илач против главоболка.

Loading