РАЗЛИКАТА МЕЃУ КОЗЈОТО И КРАВЈОТО СИРЕЊЕ

sirenje1

Освен специфичниот мирис и вкус на сирењето од козјо млеко, тоа се разликуваат од кравјото и во текстурата, во концентрацијата на масните киселини, но и по видот на сирење што може да се направи од него.

Овците и козите се веројатно првите домашни животни, затоа што историчарите веруваат дека првото сирење било направено од нивното млеко, можеби пред 6.500 години пред новата ера. Сега козјото сирење се најдува насекаде низ светот, од Кина до Норвешка, па дури и во Калифорнија.

Употребата на кравјо млеко е повисока од козјото. Причина е дека кравјото млеко е подостапно од козјото. Може да се купи во сите продавници и супермаркети. Козјото сирење има сосема поинаков вкус и мирис и се разликува  од кравјото сирење. Различен им е хемискиот состав на млекото. Козјото има повисока концентрација на одредени масни киселини, но има помалку протеини од кравјото млеко. Колку е поголема концентрацијата на масни киселини козјото сирење има посилен и поспецифичен вкус. Доколку има помалку протеини во млекото тогаш се добива мазна и кремаста структура. Поентата е дека структурата на козјото млеко не е доволно флексибилна во однос на кравјото. Поради тоа, ретко се прави моцарела од козјо млеко, бидејќи брзо се крши. Фактот дека козјото сирењето не е доволно тврдо, не значи дека е со помал квалитет. Едноставно, само е различно. Неговата крем структура го прави погодно за други меки сирења и јогурт. Дури  ниту најсилното козјо сирење никогаш не може да биде доволно тврдо. Колку и да стои, секогаш ќе биде меко, за разлика од сирењето направено од кравјо млеко кое е секогаш е тврдо. Козјото сирење омекнува со времето. Тоа не значи дека го губи квалитетот. Напротив, станува уште повкусно. Иако некои сирења традиционално се направени од друг вид млеко, козјото млеко може да биде добра замена. На пример, фета сирењето традиционално се прави од овчо млеко, но кога е направено со козјо млеко тоа е одлично.

Без разлика дали сте љубители на козјо или кравјо сирење, ретко кој замислува оброк без сирење на масата.

Loading