МАРМАЛАД, ЏЕМ ИЛИ ПЕКМЕЗ?

dzem

Веруваме дека барем еднаш во живот сте се прашале каква е разликата меѓу пекмез, мармалад и џем. Без оглед на тоа кој термин го користите, кога ќе кажете дека ќе јадете мармалад или џем на леб, тогаш расте апетитот.
Пекмезот, мармаладот, па и џемот се добиваат од овошје за обработка. Разликата е во густината, видот и количината на овошје и шеќерот, па дури и според начинот на кој се подготвува.
Пекмез е густа мешавина на овошје во кое, според вкусот, се додава 20 проценти шеќер. Или не се додава, ако овошјето е богато со фруктоза. Се готви со мешање на тивок оган додека не стане густ. Може да содржи парчиња овошје, но не се користи пектин или лимонска киселина. Најчесто пекмез се прави од сливи.
Мармаладот се добива со варење на овошје долго време додека мешавината е доволно густа за премачкување на палачинки, леб или бисквити. Мармаладот нема парчиња овошје, туку мора да биде лесен за премачкување. Некои додаваат желатин за забрзување на подготовката. Мармаладот најчесто се користи во подготовката на торти. Мармалад од кајсија е идеален за сахер торта, а од цреша или јагоди се совршени за ролати. Се подготвува од секое овошје. Дозволена е комбинација на различни видови на овошје.
Џемот овозможува поголеми, па дури и недоволно подготвени парчиња овошје. Се подготвува од еден вид овошје. Сите плодови се варат, а во некои се додава шеќер по желба, Највкусен е сосема природен.

Loading