ЌЕ ИМА ЛИ НОВИТЕТИ В ГОДИНА?!

DSC 1272

Пивофест 2018 е зад нас

Наредниот Пивофест 2019 да биде уште подобро осмислен и организиран, како во поглед на нови содржини, така и во атрактивноста и ексклузивитетот на музичките имиња. Ова е императив на локалните власти и на скопската агенција Инфинити. Тие го делат заедничкиот именител дека годинешното издание минало во одлична атмосфера. Според градоначалникот Илија Јованоски, манифестацијата го достигна врвот, бидејќи Пивофест не е само бренд на градот, туку и на целата земја. Веднаш ќе почнат подготовките за следното издание при што ќе се земат во предвид сите идеи за новитети за подобрување на фестивалот, вклучително и за локацијата.

– Четири дена имаше одлична атмосфера и без сериозни инциденти. Хигиената беше на високо ниво . Јавните претпријатија ја извршија работата професионално. И невремето пред затворањетото околу 21 часот, не ги поколеба граѓаните да продолжат со забава и дружење – вели Јованоски.

GRADONACHALNIK-696x494

Дарко Манасијески од агенцијата Ентфинити истакна дека било огромно искуство, ја научиле душата на градот.

Спектакуларен настап имаше балканската фолк ѕвезда Шабан Шаулиќ кој беше наградуван со овации од публиката, а неговите фанови бараа повеќе пати бис и нова изведба. Посетителите уживаа и во настапите на Милица Тодоровиќ, Александра Јанева, Либеро Бенд, на Жељко Јоксимовиќ, ди џеј Мозел, Ван Гог, Црвена Јабука, Кирил Џајковски, Џенан Лончаревиќ, Дарио, Тони Зен и други.

Вкусната скара и ладното пиво беа јака основа за уште подобра забава.

2,5 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ОД БУЏЕТОТ

Годинава Пивофест го посетија над 200.000 граѓани од Македонија и од странство, а најголема посетеност беше регистрирана во деновите на викендот, кога во градот влегле околу 8.000 возила. За Пивофест, Општината издвоени 2,5 милиони денари.

Политичарите на пиво

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицковски беше дел од пивската атмосфера. Во неговата денска политичка агенда имаше средба со граѓаните и локалните челници на партијата. И премиерот Зоран Заев не остана покусо. Во саботата  вечерта ја проба сласта на пивската пена.

37153407 10216441325525744 148437540083335168 o

3711722010133496288404966223719499544133632o

Loading