ИЗЛОЖБА „МАЛ ФОРМАТ“ ВО ПРИЛЕП

Во   галеријата   од   ЦК „Марко   Цепенков“ во   Прилеп   е   отворена изложбата „Мал формат“ на која се  презентирани дела кои се творечки предизвик   на   македонските   уметници.   Изложбата   е   во   соработка   со ДЛУМ, кое годинава слави 70 години од формирањето.

Малиот формат  или поточно „Македонско ликовно творештво во мал формат” се ползува веќе од децениски опит, етаблиран во скелетот на културните  и особено ликовните случувања, во неговата годишна културна   периодика   и   претставува   светол   момент   во   колективната

меморија на скопската  и пошироко македонската публика.

– Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на сликарите и скулпторите во ситната пластика. Магијата на „малиот квадрат” во површина 25х25    претставувала искушение и за најголемите       мајстори   на   четката   и   бојата.   Пикасо,   Дали,   Матис,

Лотрек,   Ван   Гог,   Гоген,   сликари   од   сите   школи   и   правци   го чувствувале внатрешниот порив да го совладаат малиот квадрат, и  на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат  собитието  Изложба ,,Мал формат,,

Изложба ,,Мал формат,, ќе биде отворена вторник од 20 часот во ликовната галерија од  ЦК ,,Марко Цепенков,,. Ќе бидат претставени 45 дела – слики и скулптури од толку автори уметници, членови на ДЛУМ.

Уметниците со многу љубов и трпеливост ја пренесуваат својата инспирација на малите платна или во минијатура.

Малиот формат е децениски опит, етаблиран во скелетот на ликовните културни особености. Оваа творечка техника претставува честа дневна пракса на сликарите и скулпторите. Магијата е во мал квадрат 25х25 см да се  претставува уменички вознес.

Големите мајстори на четката и бојата, Пикасо, Дали, Матис, Лотрек,   Ван Гог, чувствувале внатрешен порив да создаваат во мал квадрат. 

Loading