Поетската збирка „Цвет во аманет“ што ја објави поетесата Андриана Ристеска е наградена на конкусрот Поетски синтези во Битола. Збирката, првенче содржи 60 песна инспирирани од љубовта кон ближните, но и кон татковината.
-Поезијата на Ристеска е прпознатлива, полна со емотивен набој, топлина, со нежни чувства кои од секој нејзин стих извираат и се распрснуваат како од една голема љубовна фонтана чии капки не може да ги дофатиме и собереме, бидејќи се многу и ги има за сите – вели Иле Наумов за збирката.
Ристеска е член на Клубот на литературни творци Прилеп, добитник на повеќе награди за нејзината поезија и се вбројува во редот на истакнатите современи македонски поети.