АНЏИКАТА – МЕРАКЛИВКА

Пејо беше познат во Мариово и Прилеп и како маж кого го сакаат посестримите поради неговата машкост. Анџиката Стојна од Прилеп дознала оти со Пејо може да си офнува од наслада колку што си има прсти и отповеќе. Го подлажала, го втерала во аурот, го легнала на сламата и му наредила да трае додека не изофка колку што има прсти. Пејо прашал како ќе знае колкупати е офнато, а таа му одговорила дека за секое леснење ќе има по еден прст свиткување. Пејо простичок и добричина чинел како му се наредило. Анџиката нечесна и алчна го лажела, за две офкања еден прст виткање, и го осудувала оти не знае да брои до десет. Пејо се сложил со нејзиниот напад и í предложил да отпочнат со прсти виткање отпочеток. Кога слушнала за предлогот се стаписала и побегнала.

Loading