ДРЕВЕН ПРИЛЕП – РИЗНИЦА НА ЖИВОТ

Prilep pred 90 godini

Прилеп во втората деценија од минатиот век. 1918 година. Се раздолжиле куќи покрај правлива улица. Зрачат со древност. И тогаш остарени животарат плитарните куќички со дрвени кепенци, високи оџаци.

Дрвените порти, со настрешници од ќерамиди, се затворени за љубопитните минувачи. А се наредиле покрај тротоарот. Тука се и дрвените бандери. Авлиите, дворовите огромни, но затворени ограда од цврст материјал, како сега што се дворовите на албански куќи. Главно, куќите се со иста големина. Во турска архитектура со големи капии и високи ѕидови. Средни, но по некоја, која се истакнала и не стрчи.

Не изостанува зелениот декор. Ѕиркаат и го заличуваат Прилеп, обично тополи, врби и слично, кои подаваат “рака” кон небото. Тука некаде на сликава се вишнее Градскиот часовник, а од некаде се “борат” и турските џамии.

Од другата страна на улицата се паркирале камиони кои треба да се товарат.   

Loading