ИЗЛОЖБА НА АТАНАСОСКИ ВО АБУ ДАБИ

Atanasoski so izlozba vo Abu    Dabi

Нашиот уметник Атанас Атанасоски продолжува со меѓународната презентација на сопственото творештво. Изложба на дело од рециклирана хартија беше отворена во Абу Даби, Обединетите Арапски Емирати.  Атанасоски вели дека презентацијата е плод на едномесечниот резидентен престој во оваа држава, а делото е интересно и несекојдневно.

-На конструкција од отпаден метал е моделирана каса со мелена, рециклирана хартија. Делото го направив при престојот во оваа ориентална и богата земја. Искуството е одлично. Освен контакти со колеги, ги почувствував добрите услови за уметничко изразување –  вели Атанасоски, кој лани изложуваше  орнаменти во Њјујорк, САД.

Loading