НАУЧНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ШАРЛО

Промовирана книгата „Методија Шаторов – Шарло – помеѓу чеканот и наковалната“ од д-р Соња Николова

Odgatnata misterijata za Sarlo

„Методија Шаторов – Шарло – помеѓу чеканот и наковалната“ од Соња Николова е трудот претставен пред прилепчани кој е уште еден придонес за вистината и делото на револуционерот од висок ранг, интернационален комунист, кој зад себе остави неизбришлива трага во македонската историја, борејќи се за слободна и обединета македонска држава.

За книгата, преку која со научно аргументирани ставови се расчистува анатемата фрлена врз делото на револуционерот, д-р Тодор Чепреганов  рече дека д-р Николова прави осврт на животниот пат на Шарло во периодот од Втората светска војна. 

-Книгата научно го рехабилитира Шарло, преку атомизирана анализа, во која се обработени ситесегменти од животот, од политичката активност, не само во Македонија, туку и во Бугарија. Од научен аспект, оваа е најважна книга во македонската историографија, затоа што тој е последен од контровезрзните личности неправедно обвинети што се осветлуваат. Читателите ќе дознаат дека Шарло се борел за обединета македонска држава – вели Чепреганов.

Авторот, Д-р Соња Николова, вели дека низ целиот живот Шарло бил помеѓу чеканот и наковолната.

– Тој беше идеолог, беше комунист, но пред сé национален деец, кој се бореше за обединета македонска држава.  Беше последен деец кој беше обвиен со миситика – дали е предавник или национален деец. Повеќе од пет години работев на книгата, со консултирање на обемна документација од сите околни земји. Трудот го работев при моите докторски студии. Желбата ми беше докрај да ја разјаснам вистината за ликот на Шарло. Ја истакнувам заложбата за која беше политички елеминиран – неговата визија за обединета македонска држава – посочи Николова.

Loading