ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ЗА ТУТУНСКОТО ПРОИЗВОДСТВО

Промоција на три книги на д-р Љупчо Попоски

Promovirani tri znacajni knigi od   d-r Ljuben Poposki

„Тутунски комбинат, подем и пад“, „Тутунски атлас“ и „Трудови“, се трите книги од д-р Љупчо Попоски, што ги издаде и промовираше ДНУ. Книгите се значајни трудови преку кои авторот студиозно и аналитично го обработува производството и обработката на тутунот.

-Во книгите се даваат насоки како да се развива тутунопроизводството, рече д-р Силвана Пашоска, претседател на Друштвото за наука и уметност. ЗборувајќИ за книгата ,,Тутунски комбинат, подем и пад,, д-р Ана Корубин Алексоска посочи дека е опфатен развојот на тутунската индустрија и на комбинатот.

-Книгата е одраз на долгогодишната работа во тутунската индустрија. Бидејќи сме тутунски град, секој треба да ја прочита – изјави д-р Корубин Алексоска.

Д-р Цане Котески нагласи дека книгата ,,Тутунски атлас,, опфаќа 70 држави каде се производува тутун. Низ осум категории се пренесени сите релевантни податоци и параметри од интерес како што се видови на тутун, но и најголемите индустрии за производство на тутун и цигари во светот – посочи Котески.

Д-р Гордана Мицеска ја промовираше книгата ,,Трудови,, констатирајќи дека станува збор за збирка која е дел од богатото работно искуство на авторот во тутунската наука и пракса.

-Точно 35 се пишувани во периодот од 90-те до 2014 година.Пренесени се значајни податоци од производството и обработката на тутунот, како и производството на  цигари. Презентирани се корисни истражувања – вели д – р Мицеска.

Со промоцијата ДНУ ги почна активностите за одбележување на 45 години од постоењето. Беше промовирана и веб страницата, најновиот број на списанието на трудови на ДНУ, при што беа доделени и благодарници. 

Loading