БОГАТА ПРОГРАМА СО ИЗВОНРЕДНИ НАСТАНИ

За ЦК „Марко Цепенков“ 2016 година една од најуспесхните во последните десет години

ЦК „Марко Цепенков“ 2016 година ја заврши со премиера на театарската претстава ,,Во сенката на ветрот,, во режија на Југослав И. Кочоски и со атрактивната изложба на дела од Валентина К. Стевановска и Миле Брцески. Директорот Тони Чатлески е задоволен димензиите и квалитетот на културната понуда. Според него, 2016 година била една од најуспешните последните 10 години.

-Од  се она што реализиравме годинава, што понудивме на театарски план, ликовен, сценско музички сметам дека оваа година е една од најуспешните. Ја постигнавме целта која ја измавме зацртано. Ги реализиравме сите проекти поддржани од Министерството за култура, а реализиравме и дополнителни, надвор од предвидената програма. Во изминатите 12 месеци имавме богата понуда на културни настани, со што Прилеп го зацврстивме како еден од најкултурните градови во земјата – вели Чатлески.

Според него, на полето на ликовната дејност Прилеп е водечки град.

– Имавме најголем број проекти во земјата. Годинава ја завршивме со близу 50 изложби. Тоа е навистина голема бројка. Беа квалитетни презентации кои предизвикаа интерес. Успешна беше и колонијата Дрен, со која имавме новитет. Ја реализиравме во ЦК ,,Марко Цепенков,, со различен стил на изразување. Тоа беше еден нов импулс, при што се покажа кон што треба да се стремиме – додава Чатлески.

Според него, годинава реализирани се и доста квалитетни концерти од сите жанрови на музичката сцена, потенцирајќи го високото ниво на презентација на театарската уметност.

-Во театарот годината ја завршивме со четири премиери. Се одиграа сто претстави и имавме околу 20 илјади посетители. Одлична бројка која ги задоволува пребирливите вкусови на нашите сограѓани – вели првиот човек на средиштето на градската култура, додавајќи дека ја очекува програмата за 2017 година, што треба да ја одобри Министерството за култура, ветувајќи доста проекти.

Loading