ХУМАНИ „ТРЕПЕРЕЊА“ НА УЧЕНИЦИТЕ, РОДИТЕЛИТЕ И ПРОФЕСОРИТЕ

Поетско – музичка вечер на гимназијалците

poetsko muzicka gimanziska   vecer

На  седмото издание на традиционалиот поетско-музички хепенинг на Гимназијата „Мирче Ацев“ настапија ученици и професори. Хепенингот е дел од одбележувањето на патрониот празник на гимназијата.

– Оваа поетско-музичка вечер годинава е со поразличен карактер, бидејќи освен учениците, учествуваа и родителите и професорите. Секоја година се поголема е заинтересираноста. Овојпат имаше и хуманитарен карактер. Беа поставени кутии за собирање средства кои ќе бидат донирани за лекување на малечката Јоноска, ученичка во ОУ “Климент Охридски” – посочи професорката  Весна Михаиловска.

На манифестацијата настапија 25 ученици, петмина родители и тројца професори.

-Голема гордост е да се биде дел од хепенингот, затоа што поддршката од професорите, од директорот е одлична. Се создаде убава вечер – изјави ученичката Деспина Силјаноска.

-Бевме сведоци на еден убав настан, на поетска вечер која стана традиција – изјави Кире Николоски, директор на гимназијата.

Поетско музичкиот хепенинг се одржа под мотото ,,Трперења,,.

Loading