ПРЕГЛАСУВАЊЕ ВО ТЕАРЦЕ

Предвремени парламентарни избори

В недела ќе се прегласува во Теарце на изборното место 2011 во шестата изборна единица одлучи ДИК откако симулацијата покажа дека прегласувањето може да влијае врз бројот на мандати на предвремените парламентарни избори на кои според првичните резултати соодносот меѓу ВМРО -ДПМНЕ и СДСМ е 51 наспроти 49 пратеници. Одлуката на ДИК да се прегласува во Теарце, доаѓа по прифаќањето на тужбата на СДСМ од Управниот суд, кој реши да го поништи гласањето во избирачкото место 2011.

Откако ќе заврши гласањето на ова место во шестата изборна единица, ДИК треба да ги објави конечните резултати и со тоа почнуваат да течат роковите за конститутивната седница на новиот состав на Собранието.

ВМРО ДПМНЕ соопшти дека ќе се држи до одлуката на својот Извршен комитет и на повторените избори нема да учествува. 

Loading