„ТРУДОВИ“ – НОВА КНИГА ОД Д-Р ЉУБЕН ПОПОСКИ

Друштвото за наука и уметност ја публикува книгата „Трудови“ од д-р Љубен Попоски. Содржи научни и стручни трудови поврзани со тутунот, производството на цигари и тутунската индустрија.

– Објавени се моите трудови од повеќе стручни списанија за тутун, не само во Македонија, туку и во странство. Обработена е динамиката на тутунската индустрија низ 35 годишниот период на развој, состојби и тенденции, со најголем степен на консолидација, концентрација и глобализација на светско ниво. Книгата е скромен придонес за развојот на научно истражувачката работа во тутунската индустрија – вели авторот.

Најновото дело на Попоски заедно со уште две книги, набрзо ќе биде претставена пред читателите.

Попоски, потпретседател на ДНУ, активно придонесува за развојот на научната мисла во градот. Објавил бројни книги и трудови. Наградуван е повеќепати, меѓу кои и со наградата  за животно дело на град Прилеп во 2014 година.

Loading