ПРЕДНОВОГОДИШЕН КОНЦЕРТ НА ОКТЕТОТ ПРИЛЕП

Октетот Прилеп во вторник, 20 декември, ќе ги награди љубителите на староградската музика со предновогодишен концерт, кој во суштина е пресек на едногодишниот збогатен репертоар. На програмата се староградски песни, серенади и преработки на забавни композиции.

Октетот постои 22 години под патронство на ЦК “Марко Цепенков”. Го негува староградскиот мелос, а во последните години се негуваат преработки на добро познати забавни мелодии. Влезниците за концертот се симболични по 50 денари.

Loading