ОТПОР НА МЕТАЛУРГ

Ракомет

Moment od mecot Prilep -   Metalurg

Одиграни се интересни ракометни натпревари на суперлигашко ниво. Во женската конкуренција екипата на Прилеп по победата од 18-20 во Гевгелија и ремито 24-24 со грчката Филота, покажа дека не се случајни овие резултати. На дербито со лидерот Металург екипата на тренерот Рубин Богојески можеше да победи, но битолските судии немаа респект кон домашниот тим и овозможија гостинските да победат со 28-29. Дурланова имаше седум одбрани и седмерец, Богеска две, а головите ги дадоа: Јованоска 13, Саздова 7, Митревска и Ѓорѓиоска по 3, Камческа 2. Следи гостување на Овче Поле. Машкиот состав на Прилеп по поразот дома (30-35) од Пелистер, веднаш се поправи на гости, со триумф (27-30) кај Пролет во Скопје, но пак загуби дома од Радовиш (24-28). Ова е непријатно изненадување, бидејќи се очекуваше триумф.

Табела: Пелистер 34, Охрид 31, Работник 28, Борец 23, Прилеп 20.

Loading