ИНСТАЛАЦИИ И ОБЈЕКТИ НА ЈАНЕШЛИЕВА БАЧВАРСКА

Во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“

Interesna i atraktivn aizlozba na   Janeslieva

„Состојби“ е тематската изложба од инсталации и објекти од Славица Јанешлиева Бачварска што ќе биде отворена вечерва од 19 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“. Уметницата се претставува со продолжение на дела кои егзистираат паралелно со нејзините остварувања во доменот на графичкиот медиум. Артикулацијата на уметничкиот израз со пошироко и сеопфатно преиспитување на актуелните состојби и општествени аномалии, како и со генерално девалвираното секојдневно живеење, презентирана во шест одвоени амбиентални сегменти, изведени со препознатлив директен и специфичен ракопис, кој инсистира на продлабочени релации слика – значење.

– Објектите се доживуваат како осмислени визуелни конструкции, следејќи ја бартовата семиотичка синтагма, “the image is representation”.  Авторката генерира системи на значења со универзален, а не само со локален контекст – вели Маја Чанкуловска-Михајловска.

Јанешлиева Бачварска е дипломец на ФЛУ во Скопје,  на отсекот графика каде и магистрирала. Доцент е на ФЛУ.

Имала над 25 самостојни изложби низ земјата и во странство. За творештвото е добитник на повеќе награди. 

Loading