ПРОТИВ ДЕВЕТ СРБИ

Шах

ФМ Роберт Велески постигна добри резултати на турнирот „Трофеј на Белград“. На сите девет партии имаше домашни противници од Србија, со кои успеа да освои 4,5 поени. Победи извојува над Радисавлевиќ, ЖИМ Пихајлиќ, ФМ Ѓурѓевиќ и Николиќ, а реми со Хлебец. Четирите порази беа од ривали со повисок рејтинг, а меѓу нив со посилна титула беше ИМ Андриевиќ. На конечната табела го освои 91 место, што е солиден пласман со оглед на бројката од 186 учесници.

Победник беше ВМ Богосавлевиќ со 7,5 поени.

Loading